Connect with us

Други спортови

Клинците ќе бидат голема закана за Новак Ѓоковиќ

Поранешниот тренер и чичко на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, Тони, не може да каже нешто а да не го спомене Новак Ѓоковиќ. Тој овој пат смета наредната 2019 година ќе биде голем предизвик за Србинот.

Пред се, Тони верува дека Ѓоковиќ ќе има многу проблеми во натпреварите против младите тенисери, како што се Карен Качанов и Александар Зверев.

Шпанскиот стручњак во интервју за „Ел Диарио Васко“ изјави дека е изненаден од големиот пад во играта на српскиот тенисер на последните два турнира сезовава, во Париз и во Лондон.

  • Претходно реков дека Новак ќе се врати на врвот кога ќе посака. Неговиот квалитет е преголем за некој да го отпише лесно. Сепак, изненаден сум од тоа колку неговото ниво на игра падна во самиот финиш од сезоната, Можеби во 2019 година ќе биде се готово за него поради генерациите на игрчи кои доаѓаат, изјави Надал.

Тој додаде дека младите играчи покажуваат се поголем квалитет во дуелите против на хартија подобрите од нив, а следнава година ќе докажат колкави не нивните можности.

  • Младите научија важен чекор оваа сезона. Качанов го победи Ѓоковиќ во финалето во Париз, Зверев го доби во финалето во Лондон, Денис Шаповалов е најмлад, но може многу. Оваа група на млади тенисери е многу квалитетна, а тука се и Борна Чориќ и Доминик Тим, на кои им недостасува завршен чекор. Рафа, Роже, Новак, како и опстанатите, знаат добро што ги чека во дуелите со нив, заклучи Тони Надал.