Кошарка
Кливленд го отпушта депресивниот кошаркар кој фрлаше храна низ соблекувалната

Кливленд Кавалирс планираат да го отпуштат Кевин Портер Jуниор.
Може да му се суди според нервозата во соблекувалната, откако неговиот шкаф го доби новиот играч Таурин Принс.
Портер Јуниор не можеше да издржи поради тоа што неговото старо шкафче во соблекувалната му припадна на нов играч, па започна да им вика на соиграчите и членовите на стручниот штаб, а на крајот фрлаше храна на подот.
Кавси сега ќе се обидат да го разменат и ако никој не го сака, тогаш тој ќе биде отпуштен.
Инаку, станува збор за кошаркар кој има проблеми со депресија, минатата година на Инстаграм објави црна слика со порака за самоубиство, а неодамна беше уапсен затоа што предизвика сообраќајна несреќа.
