Поврзи се со нас

Фудбал

Клоп би сакал сето ова да е само грд сон

Ливерпул е во се поголеми проблеми, а густиот распоред зема замав.

Проблемите со повредени играчи во Ливерпул не запираат. Прво се повреди Виргил ван Дијк, потоа Трент Александар-Арнолд, потоа Џeо Гомез, а сега и Ендру Робертсон.

Шкотскиот репрезентативец ги пропушта претстојните натпревари за време на паузата и не е познато кога ќе се врати, па Ливерпул во моментов е без комплетна бековска линија пред дуелот со Лестер, кој е закажан за следниот викенд.

Со сите овие проблеми, Мохамед Салах го пропушта натпреварот со Лестер поради коронавирусот, а прашање е дали Фабињо и Тиаго Алкантара ќе бидат подготвени. И додека Клоп има решенија за нападот, прашањето е како ќе успее да ја ‘поправи’ бековската линија …

loading...

Facebook