Фудбал
Клоп: Дојдоа за да се вратат како херои, а нам ни рекоа да останеме дома
Германскиот селектор Јирген Клоп смета дека Фламенго ќе има поголем мотив во финалето на Светскиот клуб.
Ливерпул и Фламенго играат в сабота за трофејот најдобар во светот, но Клоп е свесен дека трофејот може да биде попривлечен за тимот на Јужна Америка.
“Ситуацијата е различна помеѓу Фламенго и Ливерпул. Тие дојдоа со јасна цел да го освојат трофејот и да дојдат дома како херои. Нам ни беше речено да останеме дома и да го играме Лига Купот. Сепак, ние сме тука и сакаме да победиме во натпреварот”, рече Клоп на прес-конференцијата во Доха.
Тренерот на „црвените“ е свесен за тоа што го чека.
„Фламенго не е навикнат да губи, тоа е она што го знаеме. Знам што да очекувам. Противникот ќе биде организиран, интензивен“, рече Клоп.
Натпреварот се игра утре од 18:30 часот.