Фудбал
Клоп експлодира: Она што се случува е лудило
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за календар во Премиер лигата во интервју за „Дејли меил“.
„Играњето на 26. и 28. декември е кривично дело. Никој не се согласува, но и натаму е така“, рече Германецот.
„Оваа година ќе играме на 26. и 29. и изгледа дека сме на одмор. Јас ги разбирам сите што велат дека тоа не треба да се случи. Можеме да го кажеме она што го сакаме, но никој не нè слуша.”
„Секоја година за тренери е истата приказна, 26 и 28 декември. И спортската наука не ви дава начин да се справите со оваа ситуација“.
„На телото му треба одредено време за да се опорави, тоа е наука, но ние го игнорираме тоа“.