Фудбал
Клоп го контактирал таткото на Килијан Мбапе
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е на мета на големите тимови.
Познато е дека Реал Мадрид е подготвен да вложи напори да го донесе Мбапе од ПСЖ, но во трката ќе биде вклучен и Ливерпул.
Според француските медиуми, менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп веќе контактирал со таткото на Мбапе за да се обиде да ја води приказната околу трансферот на големиот Французин на „Енфилд“.
Пред почетокот на пандемијата на коронавирус, Мбапе, наводно, бил близу до договор со Реал Мадрид, но сега работите се менуваат и Клоп се обидува да го искористи тоа.
Сепак, нема да биде лесно, ПСЖ бара огромна компензација за еден од денешните врвни напаѓачи и играч кој има постигнато 30 голови оваа сезона и 17 асистенции.