Connect with us

Фудбал

Клоп го открива својот кошмар: Мразам да играм на овој стадион!

Јирген Клоп неодамна откри кој е стадионот на кој што мрази да игра најмногу. Всушност, тренерот на Ливерпул беше запрашан кој е најдобриот стадион што сака да игра на него, но неговиот одговор беше сосема поинаков.

„Не сум сигурен кој би можел да биде најдобриот стадион што сакам да играм, но знам дека стадионот што најмногу го мразам е тој на Севиља, затоа што атмосферата таму е „пеколна“. Немам ништо лично, но со Мајнц загубив, со Дортмунд имавме многу подобар тим и не успеавме да победиме. Не бевме доволно добри, не дека има нешто лично против Севиља“, заклучи тренерот на „Редсите“.