Connect with us

Фудбал

Клоп: Имам 55 години. Нормално се будам поради тоалетот, но сега и поради примените голови

Тренерот на ЛИВЕРПУЛ, Јирген Клоп на прес-конференција го објави последното коло од групите во Лигата на шампионите. Неговиот тим во вторник од 21 часот ќе му гостува на Наполи во борбата за првото место, но за да биде прв во групата мора да победи со дури четири разлика.

Минатиот викенд Ливерпул го доживеа вториот последователен пораз во Премиер лигата. На домашен терен Лидс беше подобар со 2:1, а Клоп претходно истакна дека е многу незадоволен од начинот на кој неговиот тим прима голови. Најпрво Гомез неправилно му ја додаде топката на Алисон, а за вториот гол Бамфорд и Самервил се прошетаа низ шеснаесетникот на Ливерпул.

Клоп беше запрашан дали некогаш се разбудил среде ноќ оваа сезона размислувајќи за головите кои Ливерпул ги прима. „Не, инаку, имам 55. Се будам неколку пати сред ноќ за да одам во тоалет, но овој пат се разбудив размислувајќи за тоа“, одговори тој.