Connect with us

Фудбал

Клоп ќе плати за циркусот против Евертон

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше обвинет од Фудбалската асоцијација на Англија за непристојно однесување при драматичната победа со 1:0 над Евертон.

По се изгледа дека германскиот тренер ќе добие санкција за влегување на теренот, секунди по победоносниот гол на Дивок Ориги. Белгискиот напаѓач на „црвените“ реализираше во шестата минута од дополнителното време по редовните 90, а тоа предизвика силни емоции кај харизматичниот Германец. Тој се упати кон центарот на теренот, каде го прегрна голманот Алисон Бекер, а потоа се врати назад кон клупата.