Connect with us

Фудбал

Клоп: Кога ми се јавија од Ливерпул се чувствувам како кога ја запознав сопругата

Јурген Клоп е признат како еден од најуникатните тренери за неговиот уникатен стил и благодарение на неговата работа, тој комплетно го смени англискиот тим за неколку години.

Германецот неодамна даде интервју за „Скај Спорт“, каде исто така откри како се чувствувал во првиот момент кога дознал дека Ливерпул е заинтересиран за него.

„ Кога го слушнав мојот агент кој ми кажа дека Ливерпул се интересира за мене, си помислив на себе си, „Господи“.Како кога ја запознав сопругата. Го чувствував Ливерпул уште од првиот момент“, вели Клоп.

Клоп веќе ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул и сега целта е Премиер лигата, трофеј кој недостасува веќе 30 години и изгледа веројатно ќе заврши во нивни раце оваа сезона бидејќи „Редсите“ имаа предност од над 20 поени во однос на вториот на табелата, Манчестер Сити.