Фудбал
Клоп малку фрустриран: А, каде се останатите 35.000 билети?!
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше доделувањето билети за финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид на Ливерпул, откако беше потврдено дека повеќе од половина од билетите нема да бидат достапни за двата клуба.
„Црвените“ добија 19.618 билети за натпреварот на „Стад де Франс“ на 28 мај, што е нешто повеќе од 25 отсто од капацитетот на стадионот од 75.000 гледачи.
Покрај тоа што ја изрази својата фрустрација поради таквата поделба, Клоп ги повика навивачите на црвените кои немаат влезници, сепак да отпатуваат во Париз во секој случај и да уживаат во она што градот го нуди.
Зборувајќи за распределбата на билетите за финалето, Клоп им рече на новинарите:
„Дали е вистина дека прочитав дека имаме само 20.000 билети, Реал 20.000 и 75.000 седишта? Каде ќе одат овие 35.000?!“
„Мислам дека Париз е место каде што можете да одите без билет и да уживате. Кој и да не следи, му велам многу благодарам, изјави Клоп.
„Се надевам дека сите некако ќе успеат и ќе создадат неверојатна атмосфера“, додаде Клоп.
Да потсетиме, Ливерпул до финалето стигна преку Виљареал, кој во полуфиналето го исфрли со вкупни 5:2, додека Реал имаше потешка задача и го исфрли Манчестер Сити со 6:5.