Фудбал
Клоп: Мечот со Наполи не е време за ротации
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нема да направи поголеми промени во составот за утрешниот натпревар против Наполи . Мерсисајдерите треба да победат со три или повеќе гола разлика за да ги симнат Италијанците од врвот во групата А во Лигата на шампионите. Тимот на Лучијано Спалети ги доби сите пет натпревари во групата и е во серија од 13 победи во сите натпреварувања.
„Натпреварот со Лидс беше многу брзо и не сум свесен за состојбата на некои играчи. Не сакаме да ризикуваме, но Наполи е во неверојатна форма и игра неверојатен фудбал. Веројатно тимот во најдобра форма во Европа . Ова не е игра за големи ротации“, изјави Клоп. Тој додаде дека Џоел Матип нема да биде на располагање, но во составот за натпреварот ќе биде Ибрахима Конате .
„Во групната фаза најважно е да се оди напред. Сите знаат што прави Наполи . Заедно се бранат и одлично контранапаѓаат. Доколку Наполи продолжи да игра на овој начин, има шанси да стигне до финалето на Лигата на шампионите“, додаде Германецот.
🗣️ “I’m 55, I go a couple of times a night at the toilet. That’s why I wake up usually but in this moment, the Leeds goal woke me up.”
Jürgen Klopp on waking up during the night thinking about goals against Liverpool. 😂 pic.twitter.com/Ps4JBtWHS8
— Football Daily (@footballdaily) October 31, 2022
Запрашан дали овој тим на Ливерпул се лизга, Клоп одговори: „Просудите подобро се донесуваат во подоцнежна фаза од сезоната. Не е коректно да се донесе заклучок во моментов бидејќи многу од играчите не беа достапни. Ги разбирам овие прашања. Арсенал и Манчестер Сити подоцна ќе треба да одговорат на слични прашања. Сите не ценат, точно е, но јас не размислувам за тоа.
Се наоѓаме во тежок момент. Има високи и падови. Имаме поголеми очекувања и мора да го сториме тоа за да им се приближиме. Мора да работиме. Во моментов е предизвик – да се намалат грешките, да се задржат добрите работи. Нема да престанеме да се бориме. Мојата работа не е само да бидам тука кога сонцето сјае силно и кога освојуваме трофеи. Ќе дадам сè од мене“.