Фудбал
Клоп најавува тивок и мирен зимски преоден рок за Ливерпул
Ливерпул сигурно е на чекор до титулата во Премиер Лигата.
Тие вечерва ќе бидат домаќини на Шефилд Јунајтед и ќе се обидат да се оддалечат од Лестер на дури 13 поени.
Јурген Клоп најави дека нема да има многу измени оваа зима, односно неговиот тим нема да донесе засилување.
„Секогаш е непријатно во јануари. Веројатно нема да бидеме премногу зафатени во овој рок. Ќе видиме што се случува, но веројатно нема да има нешто друго“, рече Клоп.
Тој посочи дека неколку важни играчи, кои имаа проблеми со повреди, наскоро ќе се вратат во тимот и дека тоа секако ќе ја зголеми конкуренцијата.
Единствено зимско засилување на Ливерпул би можело да биде Бразилецот Диего Карлос игра во дресот на Севиља оваа сезона.
Карлос пристигна во Севилја на почетокот на сезоната од Нант за 15 милиони евра, а по шест месеци може да ја промени средината.
Севилја би остварила многу добар профит во тој случај, бидејќи неговата вредност сега се проценува на околу 60 милиони евра.