Фудбал
Клоп навива за Баерн поради Вернер
Тимо Вернер во моментов е еден од најбараните германски фудбалери.
Напаѓачот на РБ Лајпциг досега постигна 21 гол во Бундеслигата, со што стана најдобар стрелец, а одличните игри веројатно ќе резултираат со трансфер на крајот на сезоната.
Иако Баерн беше споменат како следна станица, Вернер, наводно, решил да ја продолжи кариера надвор од Германија, во случајов предноста ја имаше Ливерпул, предводен од неговиот сонародник Јирген Клоп.
Јасно е дека Вернер нема да биде ефтина опција, а „Газета дело Спорт“ открива дека англискиот клуб сепак би можел да го добие по намалена цена, со тоа што постојат одредени услови.
Доколку РБ Лајпциг не ја освои титулата, откупната клаузула на Вернер, наводно, ќе се намали од 60 на 50 милиони евра, така што Клоп, како и навивачите на Ливерпул, ќе има причина да го поддржат Баерн.
Вернер важи за еден од најдобрите напаѓачи во Европа и сигурно нема да ги жалат пари во Ливерпул со цел да го донесе на „Енфилд“.