Фудбал
Клоп: Не сум лут на управата, се согласувам со речиси се!
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги откри своите размислувања за трансфер стратегијата на клубот.
– Не сум лут на управата на клубот. Се согласувам со речиси сè што правиме. Не работам овде за да се лутам. Ако го покажам моето незадоволство, тогаш наеднаш нема да имаме повеќе пари да правиме сè што сакаме. Би сакал да донесам нови играчи во тимот кои ќе се борат за боите на Ливерпул и ќе продолжат да се развиваат со нас, го цитира „Гардијан“ Клоп.
По 29 натпревари, Ливерпул има 44 бодови и се наоѓа на осмото место во табелата во Премиер лигата.
Вечер од 21 часот Ливерпул му гостува на Лидс.