Connect with us

Фудбал

Клоп: Ние не сме како некои клубови кои се во сопственост на држави или олигарси

Ливерпул, 10 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за политиката на трансфери во Ливерпул.

– Сите клубови сега се во различна позиција. Ние продолжуваме да живееме во свет во кој не е сè јасно. За некои клубови неизвесната иднина не е фактор, бидејќи тие се во сопственост на земји или олигарси. Ние сме друг тип на клуб. До финалето во Лигата на шампионите стигнавме пред две години, го освоивме пред една година, а сега сме шампиони на Англија, како клуб што сме. Ливерпул не може само да се појави и да се однесува како Челси на трансфер пазарот.

Ние секогаш сакаме да го засилиме составот, но постојат различни начини. Едната е да потпишеме нови играчи, втората е да работиме заедно, да го подобриме тимот во кој веќе беше добар и да ги отстраниме недостатоците. Ова е фудбал, никој не сака да зборува за тренинг, само за трансфери, истакна Клоп.

Под водство на германскиот стручњак, Ливерпул ја освои титулата во Англија по пауза од 30 години. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com