Connect with us

Фудбал

Клоп: Освојувањето на трофејот изгледаше лесно, затоа што бевме како машина

Лондон, 29 август 2020 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели своите впечатоци за минатата и размислувања за претстојната сезона.

– Тешко да се освои титулата секоја година. Иако изгледаше лесно освојувањето минатата сезона, тоа не беше така. Понекогаш се чувствуваше како да е, но изгледаше така затоа што ние бевме машина за завршување на работите. Моравме да се бориме на секој натпревар, истакна Клоп.

Знаеме дека ќе имаме тешка сезона. Ќе биде тешко не затоа што станавме шампиони минатата година, туку едноставно затоа што развојот на фудбалот никогаш не запира, додаде Клоп.

Ливерпул под водство на Германецот, по три децении успеа повторно да стане шампион на Англија. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com