Фудбал
Клоп по дебаклот на Ливерпул против Реал Мадрид: Фала му на Господ што не играме против нив секоја недела!
Ливерпул доживеа вистински дебакл на мечот со Реал Мадрид на „Енфилд“ во осминафиналето во ЛШ. Иако поведе со 2:0, сепак на крајот доживеа убедлив пораз од 5:2. Тренерот на „црвените“ Јурген Клоп е свесен дека прашањето за четвртфиналистите веројатно е решено.
– Мислам дека е решено. Но, за три недели, како што се приближува натпреварот… Ќе мора да ризикуваме, а тие се опасни таму. Ајде да одиме таму да победиме и ќе видиме. Реално? Не мора така да се браниме на другите натпревари, тие се еден од најдобрите тимови во светот и фала богу што не мора да играме против нив секоја недела – изјави тренерот на Ливерпул.
Клучниот момент, вели тој, бил почетокот на вториот дел и брзиот гол на Реал.