Фудбал
Клоп по големата победа: Бевме фантастични, момците изгледаа одлично
Во првиот пријателски натпревар пред продолжението на сезоната, Ливерпул синоќа го совлада Блекбурн со 6:0.
Натпреварот се одигра пред празни трибини, а за Ливерпул постигнаа голиви Мане, Кеита, Минамино, Матип, Ки Јана Ховер и Кларксон.
Јурген Клоп беше повеќе од задоволен.
“Бевме фантастични. Имавме вистински пристап и став и во натпревари најважно е да покажеме дека сме подготвени за вистинските натпревари по паузата. Ние тоа го покажавме. Момците изгледаа одлично, исто како и пред паузата. Бевме одлични од прва до последна минута“, Клоп ги пофали своите избраници.
Ливерпул првенството го продолжува со дербите против Евертон, а потребни му се уште шест бода за математички да ја потврдат титулата.
Тој исто така може да ја освои титулата со победа против Евертон, ако Манчестер Сити загуби од Арсенал.