Фудбал
Клоп побара од Ориги да остане до крајот на сезоната
Дивок Ориги сака да го напушти Ливерпул со надеж дека ќе игра повеќе, но Јирген Клоп очекува да остане до крајот на сезоната.
Белгискиот репрезентативец има договор со „црвените“ до лето, но имал намера да најде нов тим во јануари. Познато е дека Јувентус го следи 26-годишниот голгетер, но и Њукасатл.
Сепак, Јирген Клоп побарал од Ориги да остане до крајот на сезоната, а му ветил поголема минутажа во преостанатите натпревари.
Јасно е дека згуснатиот распоред, недостигот на важни играчи, сето тоа влијаеше на Клоп да побара Ориги да остане во преостанатите месеци од договорот, а потоа да оди каде сака како слободен играч.
Треба да се напомене дека Ориги оваа сезона настапи на 10 натпревари, постигна пет гола и забележа две асистенции.