Connect with us

Фудбал

Клоп: Сето ова е тешко за мене

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека паузата тешко му падна.

Тој посочува дека неговите фудбалери тренираат онлајн и дека никогаш не верувал дека ќе се случи вакво нешто.

„Сакам да бидам со овие момци. Во моментов, нашите најблиски моменти се во бидеото во живо и ова е начин да уживаме. Верувајте дека сè се менува кога ќе ги видам на екранот“, рече Клоп, додавајќи.

„Како што продолжува ова, ситуацијата се влошува. Ме боли кога не можам да видам некој што го сакам долго време. И ситуацијата е таква во моментов“.

Неодамна се појавија информации дека во Ливерпул ќе биде до крајот на договорот, а потоа ќе бара нови предизвици.

Неговиот моментален договор трае уште четири години, а тој потоа ќе го напушти тимот од „Енфилд“ и веќе се знае што сака да направи следно.

По Ливерпул, Клоп сака да ја преземе репрезентацијата на Германија, а тоа би се случило по Европското првенство, кое ќе се игра токму во 2024 година.