Connect with us

Фудбал

Клоп со „атомски“ напад на реванш против Виљареал

Фудбалерите на Виљареал и Ливерпул ќе се сретнат вечерва од 21 часот во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Ливерпул е фаворит за пласман во финалето, а англискиот великан стигна со 2:0 од првиот натпревар, но менаџерот Јирген Клоп не сака ништо да препушти на случајноста.

Салах, Мане и Жота ќе играат напред, а тренерот на Виљареал, Унаи Емери, исто така се надева на чудо и веќе изјави дека неговиот тим се надева дека ќе се пласира во финалето и покрај тоа што се негатива од два гола и игра против еден од најдобрите тимови во светот.

Составите пристигнаа.

Виљареал: Рули, Албиол, Торес, Параехо, Капуе, Морено, Фојт, Еступинан, Диа, Ло Селсо, Кокелин.

Ливерпул: Алисон, Александер-Арнолд, Конате, ВанДајк, Робертсон, Фабињо, Кеита, Тиаго, Жота, Салах и Мане.

Facebook