Connect with us

Фудбал

Клоп: Ван Дајк го заслужи тоа, ова е причината!

Јирген Клоп првпат реагираше по церемонијата за „Златната топка“ што ја освои Лионел Меси. Аргентинецот го совлада Вирџил Ван Дајк, кој се најде на второто место.

Тренерот на Ливерпул се чини дека не се согласи со одлуката за победа на Меси, бидејќи минатата сезона беше доста импресивна за Ван Дајк. Клоп посочува дека Лео е најголемиот играч што го видел во животот, но дури и ако победеше Ван Дајк, би бил во ред.

„Одлуката за Златната топка ја донесоа новинарите или не? Така гледаат луѓето и не е проблем. Јас го гледам тоа поинаку. Но, апсолутно нема проблем. Го кажав тоа скоро 500 пати дека Лионел Меси е најдобриот играч што сум го видел во животот. Но, ако гледаме само минатата сезона, тогаш никогаш не сум видел сезона поимпресивна за еден дефанзивец од таа на Ван Дајк. Така би било фер дури и ако победеше Ван Дајк!“