Фудбал
Клоп за Белингем: Не би побарале Ферари како петгодишно дете на Божиќ!
„Дејли Мејл“ оваа недела откри дека Ливерпул се повлекол од трката за потпишување на бараниот играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, пред се поради високата сума на пари, се зборува за околу 150 милиони евра. Наводно самиот Клоп инсистирал овие пари да бидат искористени за наоколу играли за планиранатаа летна реконструкција.
„Морате да работите со тоа што го имате“, рече Клоп во петокот, на прашањето за неговите планови за трансфер на Белингем.
„Не би побарале Ферари како петгодишно дете на Божиќ!“, вели Клоп испраќајќи јасна порака дека Белингем за нив во моментов е прескап и преголема желба.
„Што и да ни треба и сакаме, се трудиме апсолутно за да го добиеме, но има моменти кога треба да прифатите дека не е можно да се тргнете настрана и да правите различни работи“.