Фудбал
Клоп за неговиот противник Симеоне: Тој е на 12-то ниво, уште ги има истите емоции
Се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите. Вечерва на програмата се првите осминафинални пресметки. Два меча се играат вечерва, Атлетико Мадрид-Ливерпул и Борусија Дортмунд – ПСЖ.
Во пресрет на дуелот со Диего Симеоне, Јурген Клоп беше видно расположен на прес конференцијата, а кога го прашаа за мислење за неговиот противник на спротивната страна изјави:
-Осум години е во клубот, а ги има истите емоции како на почетокот. Па тоа е неверојатно. Јас сум на четврто ниво, Диего е на 12 ниво во тој поглед, изјави Клоп.