Connect with us

Фудбал

Клоп загрижен на прес-конференција: „Не добивме добри вести“

Ливерпул во средата го победи Арсенал со 2:0 на гостински терен и заостанува само еден бод зад Манчестер Сити.

„Црвените“ некако успеаја да слават на „Емирати“ иако Арсенал одигра многу добар натпревар. Но, на крајот гостите успеаја да дојдат до три бода и да слават со 2:0.

Целиот меч во Лондон го одигра и десниот бек Трент Александер-Арнолд, кој сезонава игра во навистина фантастична форма.

Сепак, пред крајот на натпреварот, Александар-Арнолд се пожали на повреда која на почетокот не изгледаше премногу сериозна. Но, по направените дополнителни прегледи, беше откриено дека работите не се толку едноставни.

Јирген Клоп денеска одржа прес-конференција пред натпреварот од ФА Купот против Нотингем и ја потврди лошата вест.

„Не добивме добри вести. Тој е надвор од теренот поради повреда. Нема да оди на репрезентативниот собир и ќе видиме колку време ќе му треба да се опорави. Тој сигурно ќе биде надвор од теренот неколку недели“, рече Клоп.