Connect with us

Фудбал

Клубот на Роналдо во голема криза: Нè очекуваат 11 финалиња и ни треба поддршка од навивачите

Легендарниот Бразилец Роналдо „Феноменот“ многумина го сметаат за најдобриот „чист“ напаѓач на сите времиња, но како функционер досега не е ни приближно успешен. Бразилскиот прволигаш Крузеиро, чиј е поранешен играч и сегашен сопственик, минува низ голема резултатска криза.

По успешното враќање во бразилската Серија А минатата година, клубот од Бело Хоризонте сега се наоѓа само еден бод над зоната за испаѓање. Последниот првенствен пораз од Фламенго ја продолжи серијата без победа на дури четири натпревари, а самиот Роналдо поради големото незадоволство на навивачите мораше да се изјасни:

„Се наоѓаме во тешка ситуација и го разбирам незадоволството на навивачите, верувам дека ќе се извлечеме од сето ова, но не можам да го разберам непријателскиот однос на навивачите. Ни треба доверба. Знаевме дека ќе има проблеми во Серија А , пред се од финансиска природа, но решивме да се бориме и сега мораме да бидеме заедно, не можеме без помош на навивачите. До крајот на првенството има уште 11 кола, а за нас тоа се 11 финалиња“.

Роналдо дебитираше за Крузеиро како 16-годишник и постигнуваше гол по натпревар на 34 натпревари во текот на неговата кариера во Бразил. Тој беше дел од тимот на Бразил за Светското првенство во 1994 година како 17-годишник, но не играше во нивната потрага по злато. По тоа лето, по совет на неговиот репрезентативен колега Ромари, кој претходно настапуваше за ПСВ, тој потпиша за холандскиот клуб.

Веднаш експлодираше во Европа и во две сезони постигна 54 гола на 58 настапи, по што играше за Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринтијанс. Тој го освои Светското првенство како најдобар стрелец во 2002 година и Златната топка во дресот на Интер. Покрај Крузеиро, Роналдо е сопственик и на шпанскиот второлигаш Реал Ваљадолид.