Connect with us

Фудбал

Клубот со кој ја покори Европа и светот му се заблагодари на Горан Пандев

Тимот во кој помина најдолго но и тимот со кој освои Лига на шампиони, попладнево му се заблагодари на нашиот Горан Пандев кој во интервјуто за „Гаѕета“ изјави дека ја завршува кариерата како професионален фудбалер на 39 години.

Најголем дел од својата клупска кариера ја помина во Италија, беше еден од клучните играчи на Интер предводен од Жозе Мурињо кога во 2010 година се закити со титулата во Лигата на шампионите.

Пандев се потсети на неговото доаѓање во милански Интер. Пандев им се приклучи на „нераѕурите“ на средината на сезоната откако го раскина договорот со Лацио. Македонецот не постигна договор со Лацио и го одвоија од тимот. Шест месеци без тренинг или играње. Спорот беше изведен пред суд кој пресуди во корист на Пандев. Напаѓачот ја објасни ситуацијата: „Фудбалот е чуден: за една година почнуваш лошо, не играш, си надвор од тимот и не знаеш што се случува. И на крајот од првенството ја освојувате тројната круна“.

Последен клуб на поранешниот македонски репрезентативец беше Парма во италијанската Серија Б.