Ракомет
Клубовите ќе одлучуваат за ракометот во Бундес лигата следната недела
Во наредната недела ќе се знае дали ќе продолжи сезоната на ракометната Бундес лига.
Се претпоставува дека ќе биде донесена официјална одлука во понеделник или вторник за продолжување или прекинување на тековната сезона во ракометот во Бундеслигата.
Претседателството на Бундес лигата ќе одлучи во случај на прекин на првенството дали ќе има шампиони и дали ќе има клубови кои ќе испаднат од лигата.
Одлуката за продолжување на сезоната ја донесуваат клубовите, кои имаат уште неколку дена да го формираат својот став и да дадат свое мислење.
Доколку клубовите се одлучат да продолжат со натпреварувањето, има неколку модели за да ја продолжат сезоната и првенството мора да заврши до 30 јуни.