Connect with us

Фудбал

Ко-сопственикот на бејзболот Доџерс се приклучи на наддавањето за Челзи

Конзорциумот предводен од косопственикот на Лос Анџелес Доџерс, Тод Боли е во ексклузивни преговори за купување на клубот од Премиер лигата на Челзи за 3 милијарди долари, објави Ројтерс.

Претходно во текот на денот, британскиот милијардер Џим Ретклиф објави дека во последен момент дал „официјална понуда“ за купување на клубот за 4,25 милијарди фунти.

Челзи беше ставен на продажба од сопственикот Роман Абрамович по руската инвазија на Украина и санкциите против олигархот наметнати од британската влада.

Конзорциумот на Боли ги вклучува швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис и британскиот инвеститор во недвижнини Џонатан Голдштајн.