Кошарка
Коби постигна 81 поен на еден натпревар: Погледнете како изгледаше тоа (ВИДЕО)
Еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант го загуби животот синоќа во хеликоптерската несреќа, со него беа неговата ќерка и седум други.
Целиот свет се збогува со Коби, колеги, поранешни соиграчи, претседатели, премиери, фудбалери …
Да се опише кој беше Коби Брајант, доста е да се набројат само статистичките параметри што ги постигнал во текот на неговата богата кариера.
Можеби е најдобро да се види видео од 2006 година кога неговите Лејкерси играа против Торонто Рапторс.
Коби постигна неверојатни 81 поени, најмногу во натпревар во НБА лигата, по Вилт Чембрлен кој во 1962 година против Њујорк Никс постигна 100.
Проверете го мајсторот во акција: