Connect with us

Фудбал

Коди Гакпо кажа каде ќе игра

Трансфер целта на Манчестер Јунајтед, Коди Гакпо изјави дека би му било чест да игра под водство на Ерик тен Хег.

Уште од летото кога холандскиот стручњак пристигна на „Олд Трафорд“, Гакпо се поврзува со трансфер во Манчестер.

Интерес за напаѓачот на ПСВ Ајндховен има и од голем број европски гиганти. Од почетокот на сезоната постигна 13 гола и даде 17 асистенции на 23 натпревари и заработи повик за Светското првенство во Катар.

Пред Нос, Гакпо зборуваше за својата иднина: „Мислам дека на крајот од сезоната ќе можам да направам чекор напред. Мислам дека бев подготвен и пред да започне оваа сезона, но сега сум уште поподготвен. Би играл за Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул. Би било чест да играм во некој од нив. Важно е, сепак, во кој тим најдобро ќе се вклопам.