Connect with us

Фудбал

Кога Киеза се враќа на теренот?

Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза е блиску до враќање на тренинзите со остатокот од тимот.

Според последните информации тој е во завршна фаза на индивидуален тренинг со топка, по што треба да се приклучи на остатокот од составот.

Селекторот Масимилијано Алегри искрено се надева дека ќе може да смета на него пред паузата на Мундијалот во Катар, односно ќе игра во втората половина на октомври.

Киеза е надвор од терените од јануари по тешката повреда на лигаментите на коленото против Рома.

Пред повредата, тој одигра 61 натпревар за Јувентус, постигна 18 гола и додаде 14 асистенции.