Connect with us

Други спортови

Кога Мајк Тајсон ја губи контролата, се јавува сериозен проблем

Мајк Тајсон важи за еден од најголемите боксери кои некогаш се појавиле во светот на боксот.

Разорните удари испратија многумина во царството на соништата. Беше потребна голема храброст да се влезе во рингот со него бидејќи Железниот Мајк беше вистинско чудовиште.

Сепак, во текот на 90-тите години на минатиот век, започнаа огромни неволји за Тајсон. Завршил во затвор поради силување, а покрај тоа со неговото име се поврзувале и бројни скандали.

Тајсон беше нескротлив ѕвер. Ги гризеше ривалите, се обидуваше да им ги скрши рацете за време на натпреварите, ги напаѓаше на прес-конференции и на улиците.

Години подоцна, Мајк решил да се провери за да открие што го предизвикува неговиот постојан бес.

“Ги погледна снимките на мозокот и ми кажа дека во него се случува многу активност и дека тоа влијае на гневот. Тоа јасно можеше да каже кога сум лут, кога сум исплашен. Имав проблем со страв и траума од мојата младост“, рече Тајсон и додаде:

„Тој страв е како оган. Не можете да го контролирате и брзо ве фаќа. Ако не го контролирате, може да ве убие“.

Поради овој страв, Мајк направи многу глупави работи. Напаѓаше кому ќе наиде, бесот не можеше да го задржи ниту во рингот и во завршната фаза од кариерата можеше само да се чека нов потег што ќе го направи.

Тајсон имаше проблеми и по завршувањето на кариерата. Така, во 2009 година во Лас Вегас, во напад на бес и опиен од тешки дроги, претепа седум хостеси кои биле во собата со него.

За среќа, во изминатите седум-осум години тој целосно се смири. Решил повторно да започне со тренинзи, му се вратил на боксот на егзибициони натпревари и ги насочил мислите на други проекти.

Тој беше еден од првите што започна бизнис со плантажа на марихуана, а има и свој подкаст, кој успешно го води со години.