Connect with us

Фудбал

Кога може Ливерпул да биде прогласен за шампион во Премиер лигата

Избраниците на Јирген Клоп изгледаат незапирливи на врвот на табелата во Премиер лигата и е апсолутен фаворит за шампион оваа сезона – но, кога може математички да ја освои оваа титула?

Ливерпул го направи најдобриот почеток на новата сезона од сите клубови во најдобрите пет лиги во Европа – Премиер лига, Ла Лига, Серија А, Бундес лига и Лига 1 – во историјата.

Момчињата на Јирген Клоп го срушија прелиминарниот рекорд на Манчестер Сити за сезоната 2017/18 – кога тимот на Гвардиола ја заврши сезоната со 100 поени, прв пат во историјата на Премиер лигата.

Сега љубопитноста на навивачите се префрли на прашањето дали Ливерпул може да ја освои титулата во Премиер Лигата и кога ќе можат да бидат прогласени за победници.

По победата над Вулверхемптон во 23. коло, на Ливерпул му требаат уште 27 поени за да ја обезбеди титулата во Премиер Лигата, што значи девет победи.

Доколку Ливерпул продолжи со исто темпо, победувајќи на секој натпревар, и ако нивниот најблизок ривал продолжи да ги победи сите натпревари, Ливерпул би можел да биде прогласен за шампион во Премиер лигата на 4 април против Манчестер Сити на „Етихад“, со остаток од шест натпревари до крајот.