Фудбал
„Кога слушнавме колку бараат за Модриќ, веднаш се свртевме и заминавме“
Лука Модриќ е единствениот човек кој успеа да ја прекине доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси во изборот за најдобар фудбалер на светот.
Хрватскиот играч од средниот ред ја доби наградата за најдобар играч во 2018 година, но оваа сезона тој не е оној стариот.
Во претходните години, Модриќ можеше да избере каде сака да игра. Сепак, тој остана верен на Реал, но неговата кариера можеше да помине поинаков тек ако московскиот Локомотив сакаше да ја плати потребната бројка за него.
Поранешниот скаут на Локомотив, Викстро Тишеченко откри дека во московскиот клуб силно го сакаа Модриќ.
„Неколку пати го гледавме Модриќ на натпреварите со Динамо. Заедно со Семина, која во тоа време беше претседател на клубот, отидов на натпреварот Хрватска – Русија во Загреб и двајцата бевме воодушевени. Тој беше исклучителен талент“, рече Тишеченко.
Исто така, открил зошто Локомотив се откажал од Лука.
„Кога слушнавме колку сакаат за него, веднаш се вративме. Динамо бараше од 14 до 15 милиони евра. Се одлучивме за Питер Одемвинџи и се покажа дека е неуспех“, рече тој.
Модриќ го напушти Динамо и замина во Тотенхем во 2008 година за 21 милион евра, а четири години подоцна се пресели од „Спарси“ во Реал Мадрид за 35 милиони.