Фудбал
Кои се тројцата најдобри играчи кои Реал Мадрид сака да ги донесе следното лето?
Иако се шампиони на Шпанија и Европа, амбициите на Реал Мадрид повторно се најголеми за следната сезона.
Според тоа, Флорентино Перез сака дополнително да го засили тимот на Карло Анчелоти.
Неуспехот на трансферот на Килијан Мбапе се чини дека не остави премногу трага кај кралевите, кои досега ги доведоа Аурелиен Чоамени за 75 милиони евра од Монако и Антонио Рудигер од Челзи, кој пристигна како слободен играч.
Сега Реал Мадрид размислува за можни пристигнувања следното лето, а скаутите на тимот претставија тројца играчи на кои им истекува договорите за една година.
Според Мундо Депортиво, Јури Тилеманс од Лестер, Ријад Марез од Манчестер Сити и Серж Гнабри од Баерн се тројцата кои Лос Бланкос внимателно ги следат и би можеле да бидат донесени на Сантијаго Бернабеу следното лето.
Треба да се спомене дека Серж Гнабри и Ријад Махрез се во преговори со своите клубови за продолжување на договорите, па идејата за бесплатно доведување на овие играчи може лесно да пропадне за Галактикос.
Да потсетиме, Реал Мадрид изрази интерес и за Џуд Белингем од Борусија, за кого Флорентино Перез е подготвен да одвои околу сто милиони евра.