Connect with us

Фудбал

Кој е човекот кој се спомнува како селектор на Македонија? Има прекар Гроф, го поддржува Путин, го победил Бенитез со 7:0, сменил 15 клубови (ФОТО)

55-годишниот Миодраг „Гроф“ Божовиќ се спомнува како нов селектор на Македонија. Наводно идната недела треба да биде промовиран на кормилото на македонската фудбалска селекција, а Милевски ќе добие и официјално отказ. Гроф ќе ја води Македонија на следниот квалификациски меч, во септември, против Италија.

Но кој е Миодраг Гроф Божовиќ?

Тој е Црногорец, како фудбалер играл за Будуќност Титоград (денешна Подгорица), потоа за Црвена Звезда, па за Мадура Јунајтед во Индонезија, а играл за клубови од Кипар, Холандија, Јапонија…

Менаџерската работа ја почнал во ФК Београд, нисколигаш во 2000-та година. Потоа сменил дури 15 клубови во својата кариера, во некои се враќал по два пати. Во ниту еден клуб не останал повеќе од две години, што е и негов најдолг мандат во еден клуб. Неговиот најголем успех како тренер е Куп во Русија со Ростов во сезоната 2012/2014-та и титула со Црвена Звезда во сезоната 2015/2016 со поставување на клупски рекорд во бројот на победи за една сезона.

Имал забележителен успех во Русија, каде со тим Амкар Перм се квалификуваше за Лигата на Европа на УЕФА за прв пат во историјата на клубот. Следната сезона, неговиот нов клуб ФК Москва долго време беше меѓу лидерите во руската Премиер лига, пред да згасне на крајот од сезоната и да испадне од европските квалификации. На почетокот на 2010 година, ФК Москва испадна од Премиер лигата поради финансиски причини, а Божовиќ стана слободен агент.

Го победил Рафа Бенитез со 7:0

Во 2020-та година како тренер на Динамо Москва, Божовиќ може да се пофали дека успеал да го победи Рафа Бенитез со 7:0. Имено, тогаш познатиот Рафа бил тренер на кинески Даилан, во пријателски натпревар Божовиќ и Динамо славеле со 7:0. Стана познат на социјалните мрежи што пред мечот му подарил шише водка на Рафа Бенитез.

Го поддржува Путин во војната против Украина!

Во едно интервју за руските медиуми, пред една година, тој изјави дека го поддржува Путин.

– Отсекогаш сум го поддржувал и сега го поддржувам. Тој е еден од најмоќните лидери во светот, а Русија е една од најмоќните земји. Жал ми е што сето ова се случи меѓу Русија и Украина. Тој конфликт го доживувам како конфликт меѓу два идентични народи, како конфликт меѓу браќа. Генерално, мислам дека ова е резултат на акциите на Америка. Тие ја турнаа Украина во конфронтација со Русија, благодарение на тоа што НАТО стигна до руската граница. Можете ли да замислите Русија да постави ракети некаде во Мексико, на границата со САД? Како би реагирале тогаш?, изјавил тој.

Клубови кои ги менаџирал

-ФК Београд

-Борац Чачак

-Обилиќ

-Хајдук Београд

-АЕП Пафос

-Будуќност Подгорица

-Грбаљ

-Амкар Перм

-ФК Москва

-Динамо Москва

-Ростов

-Локомотив Москва

-Црвена Звезда

-Арсенал Тула

-Крилја Советов