Connect with us

Фудбал

Кој го чека Хатем Бен Арфа?

Хатем Бен Арфа е се уште без клуб.

Искусниот 31-годишен офанзивец веќе година и пол дена не одигра ниту еден натпревар. Во ПСЖ стана вишок во тимот и воопшто не играше, но без разлика, интересот за неговите услуги е огромен.

Ова лето се Вест Хем се обиде да го ангажира, меѓутоа на прилично необичен начи тој трансфер не се оствари. Бен Арфа одлучи да го чека Лион.

Бен Арфа се надева дека Лион ќе го ангажира како замена за Набил Фекир, иако репрезентативецот на Франција се уште го носи дресот на „Лавовите“.

Хатем може да се надева уште две недели. Од Лион најавија дека Фекир би можел да биде продаден во финишот на преодниот рок.

Тоа ќе ја отвори вратата за Бен Арфа кој силно сака повторно да го облече дресот на Лион, тимот во кој ја започна професионалната кариера.