Фудбал
Кој ќе кашла на теренот, ќе добие црвен картон?!
Во англискиот фудбал има ново правило, кое утре ќе биде искористено, секако според ситуацијата, на мечот помеѓу Брентфорд и Фулан за пласман во Премиер лигата кој ќе се одигра утре на „Вембли“.
Имено, според новото правило судијата има право да покаже црвен картон на одреден фудбалер кој ќе кашла на теренот во правец на противнички играч.
За точно утврдување на ваква ситуација ќе биде користен и ВАР системот, а доколку се утврди дека фудбалерот го сторил тоа, освен црвен картон, може да се соочи со суспензија до три меча.