Connect with us

Фудбал

Кој тим во Серија А доби најмногу пенали? Три тима се пред Јувентус

Иако многумина мислат дека Јувентус е тимот на кој најлесно и најчесто се досудувани казнени удари во Серија А, тоа не е случај во пракса.

На Јувентус во досегашниот дел од сезоната се досуди осум пенали, а три екипи се пред „Бјанконерите“, имено Лече, Рома и Лацио.

Апсолутен лидер во досудени пенали е Лацио. Римскиот тим доби дури 14 удар од белата точка на 24 одиграни натпревари. Следени се Рома и Лече со по девет пенали во своја полза.

Џенова и Аталанта исто така се во групата со по осум пенали заедно со Јувентус. Интер кој е во борба за Скудетото досега седум пати шутирал од белата точка.

Фудбалерите на Милан досега имаа можност да стрелаат четири пати од пенал. За Наполи беше досуден еден пенал. Удинезе е единствениот тим на кој досега не му е досуден пенал.

Кога станува збор за пенали против, разликата помеѓу трите екипи кои се борат за Скудето е далеку на штета на Јувентус. Изречени се седум пенали против „Старата дама“, три против Интер и само два против Лацио.