Connect with us

Фудбал

Кој? Тренерот на Челзи се обрука, не ги знае имињата на фудбалерите на Челзи: Ме изненади, како да ме удри со тупаница (ВИДЕО)

Од кога американскиот бизнисмен Тод Боли го купи Челзи – клубот потроши повеќе од милијарда евра на засилувања, па постојано се појавуваат нови имиња… Целосниот „распад на системот“ лани се должи на лошата атмосфера поради преголем број на играчи кои некогаш не можеле ни да присуствуваат на клупските состаноци заедно бидејќи немало простор.

Иако летово веќе си заминаа голем број играчи, сепак бројката не е драстично намалена. Тоа го покажува и коментарот на менаџерот Маурисио Покетино, кој по првата победа на клупата на Челзи (3:0) против Лутон беше запрашан за двајцата заборавени фудбалери на „Сините“, а со оглед на тоа што не ни смета на нив – изгледаше како да не знаеше со кого се работи и мораше да се консултира со портпаролот.

Нема да ве прашам за Лукаку, сакам да прашам за другите двајца играчи кои исчезнаа“, рекол новинарот, по што Покетино одеднаш ја крена главата: „Тоа се Маланг Сар, кој минатата сезона беше на позајмица. …“, продолжи новинарот.

Покетино се изненадил на тоа и прашал: „Кој?“.

Дури и кога тоа му беше повторено со барање и да објасни што се случи со Џејми Каминг, Аргентинецот изгледа не знаеше за кого се работи.

“О Боже… Маланг Сар и Џејми. Не знам што да ви кажам. Ме изненади, како да ме удривте со тупаница по лицето затоа што разговаравме за нешто друго”, рекол Покетино во обид да го убеди медиуми дека знаел за кого се прави, но не успеал во тоа и покрај неговиот харизматичен обид да изнуди насмевка.