Connect with us

Фудбал

Каква година: Левандовски го стигна Роналдо, а колку е далеку Меси?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски постигна импресивен гол во победата на неговиот тим над Волфсбург од 4-0 во петокот. Тоа беше неверојатен 69-ти гол за Левандовски во сите натпреварувања во 2021 година, а треба да се нагласи дека Левандовски забележа и 13 асистенции на вкупно 58 натпревари во 2021 година.

Во тој поглед се израмни со Кристијано Роналдо, кој исто така во 2013 година за Реал Мадрид постигна 69 гола, а имаше и 15 асистенции.

Во овој поглед, сè уште недопирлив е Лионел Меси , кој во 2012 година постигна неверојатни 91 гол, со 22 асистенции и се чини дека овој рекорд нема уште долго да биде соборен. Сепак, треба да се каже дека Меси тогаш одигра вкупно 69 натпревари.

Полјакот го собори и речиси 50-годишниот рекорд на легендарниот Герд Милер против Волфсбург, бидејќи во една календарска година постигна 43 гола во Бундес лигата.