Ракомет
Кокшаров им се забпагодари на ракометарите кои дадоа се од себе за публиката
Македонско-Европскиот шампион конечно го прекина „постот“ на победи, денеска на домашен терен триумфираше над Мешков Брест со 36-31.
Тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров не ја испушти можноста да им се заблагодари на ракометарите, кои дадоа се од себе за домашната публика.
„Честитки за Брест за добрата игра. Имаме и ние многу повредени ракометари, не можевме да ја играме нашата препознатлива одбрана 6-0 поради тоа, затоа моравме да играме 5-1. Сакам да им се заблагодарам на моите ракометари кои за својата публика дадоа се од себе“, изјави Кокшаров по натпреварот.