Connect with us

Фудбал

Колабираше на теренот, го однесоа во болница, а таму скокаше на креветот кога неговиот тим обезбеди пласман во Премиер лигата (ФОТО)

Скокаше во болничкиот кревет, па како и да не скока кога неговиот тим по 31 година се враќа во Премиер лигата (ФОТО)

Капитетенот на Лутон, Том Локјер стана хит на социјалните мрежи откако се појавија фотографии од неговата прослава, кога стана јасно дека неговиот тим следната сезона ќе игра во Премиер лигата. Ништо немаше да биде чудно, доколу тој не беше во болница.

Имено, Локјер на тој меч, во пресметката со Ковентри, кој Лутон го доби на пенали, колабираше на теренот во првото полувреме. Беше пренесен во болница, му беше укажана лекарска помош и токму таму ја следеше завршницата на мечот. Неговата реакција доволно говори. Инаку, Лутон по 31 година повторно ќе игра во Премиер лигата.