Фудбал
Колку би чинел новиот трансфер на Нејмар?
Бразилецот Нејмар би можел да го напушти француски ПСЖ летово.
Реномираните шпански медиуми Спорт и Мундо Депортиво утрово објавија дека Нејмар е првиот избор на каталонскиот клуб за летниот преоден рок, а самиот фудбалер се вели дека сака да го напушти ПСЖ.
Иако договорот го обврзува со францускиот шампион до 2022 година, Нејмар има опција да бара трансфер ова лето, а ФИФА би била таа која ќе одреди компензацијата за трансферот во случај клубовите да не се договороат.
Цифрата што ПСЖ би ја добил не би бил мал. Тоа би изнесувало околу 180 милиони евра, што е далеку помала од таа што францускиот шампион иа издвои пред три години кога го донесе Нејмар на „Паркот на принцовите“.
Тогаш ПСЖ плати на каталонскиот гигант 222 милиони евра за трансферот, кој сè уште е највисок на сите времиња.
Нејмар има одиграно 78 натпревари во трите сезони во Париз, постигнувајќи 67 голови, додека во Барселона, каде играше од 2013 до 2017 година на 186 натпревари, постигна 105 голови.