Connect with us

Фудбал

Колку ПСЖ е сериозен клубот? Дефанзивецот дури и не знаеше дека му се заканува суспензија

Дури и најбогатите клубови во светот знаат да направат аматерски грешки во подготовките за натпревар. ПСЖ и Томас Муние се класичен пример за несериозност.

Муние доби жолт картон во првиот натпревар од осмото финале во Лигата на шампионите и ќе го пропушти реваншот на „Паркот на Принцовите“ на 11 март поради суспензија.

Во изјавата по натпреварот Муние рече дека не знаел ниту дека му се заканува суспензија и дека никој од парискиот клуб не го предупредувал.

„Не знаев дека сум во опасност. Лут сум. Ако знаев немаше да направам таква грешка“, рече Муние, кој доби жолт картон во 87. минута.

Инаку, покрај Меуние во финишот на натпреварот, судијата Лахоз му покажа жолт картон на Марко Верати, што значи дека и Италијанецот, поради суспензијата, нема да има право да игра во реваншот.