Фудбал
Колп: Сè уште не сме се квалификувале
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп покажа доза на претпазливост и покрај победата од 2:0 над Виљареал во првата пресметка на двата тима во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тој е задоволен од овој резултат, но изјави дека неговиот тим се уште не се квалификувал и го чека тежок реванш.
“Знаевме дека не треба да се откажеме од потрагата по гол. Секогаш кога ќе го пуштиме, Виљареал веднаш стануваше опасност. Во поголемиот дел од натпреварот игравме многу добро и одигравме многу силен натпревар. Во првото полувреме. Се движевме многу добро и знаевме дека мораме да останеме позитивни. Засега се е одлично, но мораме да патуваме во Виљареал и да се обидеме да се пласираме во финалето. Ќе видиме што ќе се случи. Мора да бидеме 100% фокусирани и „Имаме Водат со 2-0 и тоа е добро. Нашите шанси се подобри од пред натпреварот, но треба да знаеме дека се уште не сме се пласирале“, изјави Клоп.
Тој го коментираше и настапот на Садио Мане, кој повторно играше како централен напаѓач и го постигна вториот гол на натпреварот.
“Тој настапува многу добро. Ми се допаѓа како игра во центарот, но може да дејствува и лево и десно. Ми се допаѓа и Диого Јота во центарот, како и Боби Фирмино. Не треба да бидеме толку стандардни”. рече Германецот.