Фудбал
Комичен одговор на Конте за фудбалерот на „Спарси“: „Тој е играч од средниот ред“
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте имаше интересен коментар за францускиот фудбалер Тангуј Ндомбеле.
Италијанецот одговараше на новинарските прашања за остатокот од сезоната, најави засилување и разговараше и за играчите кои моментално му се достапни.
Прво зборуваше за Хари Винкс.
„Винкси игра многу добро и покажа дека е способен да игра на повеќе позиции. Затоа ќе остане тука бидејќи покажа дека можам да сметам на него“, изјави Конте.
Потоа беше прашан каква улога игра Танги Ндомбеле.
„Тој е играч од средниот ред“, рече сатирично Конте.
Тангуј Ндомбеле веќе три години е во редовите на „Спарси“. На Лион му беа исплатени 60 милиони евра, но оваа бројка не ја оправда со своите игри.
Тој оваа сезона одигра 14 натпревари за Тотенхем и е обврзан со договор до јуни 2025 година.