Фудбал
„Комити“:Ова во Кратово беше мизерија, време е со име и презиме да се прозиваат душманите, спиете ли мирно Самсоненко и Шилегов?!
Навивачката група „Комити“ преку социјалните мрежи се огласи по повод катастрофалниот пораз на Вардар на гостувањето во Кратово од Силекс со 6:0. Со овој пораз најтрофејниот клуб е на претпоследното место и му се заканува испаѓање во Втората лига.
Преку фејсбук Комити порачаа дека е време со име и презиме да се прозиваат душманите на Вардар. Воедно ги прозваа Сергеј Самсоненко, кој го остави клубот во голови до „гуша“, од речиси 3,5 милиони евра, но и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој упорно одбива Градот да го преземе Вардар, со образложение дека долговите се преголеми, нешто што не може градот да го покрие.
-Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја.
За да се долови Мизеријата, доволно е да се напомене дека при резултат од 6:0 најдобар поединец беше голманот Илиќ, и само уште еден достоен да го носи дресот на Вардар беше ветеранот Шиле. За другите што да се каже – статисти, манекени и повеќе играчи и асистенти на противничкиот тим отколку на Вардар.
Одбрана швајцарско сирење !
Средина непостоечка !
Напад јалов !
Вакво газење на честа на клубот е незапаметено и крајно недозволиво, и време е за радикални промени но и да се сносат последиците.
Нема повеќе никакво алиби !
Време е да почнеме со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот.
Време е за одговорност !
Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?, пишуваа Комити.
Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја.
За да се долови Мизеријата, доволно е да се…Posted by Komiti Skopje on Sunday, 11 April 2021